Иако Samsung објавува нови телефони од своите популарни Galaxy и Note годишно, јужнокорејската компанија нуди и различни опции за корисници со различни потреби.

Во минатото, компанијата понуди некои интересни опции, како што се Android flip / телефони на преклоп, и сега нешто ново се гради на ова поле.

Нови фотографии, наводно, го покажуваат ненајавениот W2018 телефон, кој треба да биде наследник на минатогодишниот W2017 модел. W-серија на Android flip телефоните е интересен поради тоа што имплементира премиум хардвер во форма на флип. Се разбира, цената е обично висока и често надминува 1.000 долари.