Корисниците на смартфони го менуваат уредот во просек на секои 21 месец, покажа најновата судија која ја спроведе истражувачката компанија „Counterpoint Research“. Сè повеќе, новите паметни телефони се купуваат од оние поевтините модели, а исто така во последните години е забележана и зголемената зависност која луѓето ја развиваат од користењето на телефоните.

Излегува дека во земјите во развој луѓето почесто ги менуваат своите паметни телефони отколку во развиените земји. На пример, во Мексико и Тајланд периодот на купување нов смартфон е 18-19 месеци, а во Јапонија 26 месеци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќето корисници во Австралија, Кина, Германија и Саудиска Арабија се подготвени да платат и над 400 долари за купување на нов уред, така што овие земји се целни пазари на производителите на скапи смартфони.

Не е случајно што Apple е лидер на пазарот во Германија и Австралија, каде што 85% од сопствениците на iPhone немаат намера да го променат брендот кога купуваат нов паметен телефон. Речиси секој втор корисник на планетава троши 5 часа во просек дневно во работа на својот паметен уред, пред се за пристап до социјални мрежи, гледање веб-страници, гледање филмови, игри и други активности.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 64% од сопствениците на паметни телефони во светот ги користат за интернет пристап, 62% за игри, а само 56% за телефонски повици.