Признаваме дека потполно заборавивме на телефоните на преклопување откако се појавија паметните телефони, но компанијата ZTE одлучи да го врати овој тренд, во малку поинаква форма.

Најновиот модел на оваа компанија е Axon M, кој има два екрани кои се преклопуваат еден врз друг. Со тоа, ZTE им овозможува на своите потрошувачи максимално да уживаат во визуелните можности на овој уред, бидејќи со тоа ќе можат да гледаат видеа, филмови и да сурфаат на интернет на неверојатен начин.

Поентата на овој телефон е тоа што има два екрани со идентични големини. Кога ќе се преклопи, Axon M изгледа како најобичен телефон, но кога ќе се отвори, сфаќате дека имате неверојатен геџет кој ќе ве воодушеви.

Екраните можат да се користат истовремено и да служат за различни функции. На едниот екран можете да читате додека другиот можете да го користите за извршување на разни операции. На пример, доколку гледате видео, на едниот екран можете да го гледате видеото, додека на другиот можете да читате коментари или да гледате нешто друго. Уште една одлична опција е ефектот на огледало на двата екрани, кој создава иста слика. Со тоа ќе можете во истовреме да гледате видеа со луѓето кои седат наспроти вас.

Ова се секако само главните карактеристики, но креаторите од компанијата велат дека ова е можеби најдобриот мултитаскинг телефон на светот бидејќи овозможува истовремено извршување на повеќе операции.

Покрај овие можности, ZTE Axon M има и одлични спецификации – 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, камера од 20 МP која може да биде предна и задна, Qualcomm MSM8996 Snapdragon 821, батерија од 3180 mAh и оперативен систем Android 7.1.2 (Nougat).

Цената на овој телефон е 725 долари и ќе се најде од продажба веќе од следниот месец.

Извор: Muskimagazin.rs