Новиот телефон на Apple предизвика голем интерес кај познавачите на смартфони и кај обичниот народ. Сепак, колку добро сте запознаени со новиот iPhone?

iPhone X, оценет како најдобриот и најскапиот телефон на Apple досега, многумина сметаат дека не се разликува многу од досегашните iPhone телефони.

Комичарот Џими Кимел реши да го тестира ова мислење и на случајни минувачи им дава iPhone 4 од 2010 година и ги прашува што мислат за „новиот“ смартфон.

Некои од нив се зачудени колку е мал телефонот, други велат дека е „футуристички“, а само еден препозна дека не се работи за iPhone X.

Извор: B92.net