Вонземјаните во историјата на кинематографијата најчесто се прикажувани како мали зелени, мали сиви или како суштества кои наликуваат на луѓето.

Научници од Оксфорд сега тврдат дека таквиот приказ на вонземјани би можел да биде прилично точен.

Научниците велат дека природната селекција би можела да биде застапена и кај вонземските облици на живот, односно дека на сила важи законот за опстанок на најспособните.

Преку примерот за теоријата на еволуцијата, одлучиле да го прогнозираат развојот на животот независно од оној на Земјата.

Како што пренесува Сам Левин од катедрата на Оксфорд за зоологија, тоа е корисен пристап бидејќи теориски предвидувања можат да се применат на вонземските облици на живот кои се базирани на силициум, немањето ДНК или можеби тоа што тие вдишуваат азот.

Научниците истакнуваат дека во вселената начините на живот би можеле да бидат посложени, како што бил случајот и кај нас.

Животот на земјата напреднал како последица на екстремните промени, а една од таквите била и развојот на повеќеклеточни форми на живот пред 600 милиони години.

„Под услов вонземјаните да претрпеле толку големи промени, во рамките на кои се развила комплексноста, може да се каже дека постои и степен на предвидливост во еволуцијата која би предизвикала да изгледаат како нас“, вели Левин.

Професорот додава дека, како и кај нас, на секое ниво на развој на организмот ќе постојат механизми кои ќе ги елиминираат конфликтите и ќе одржуваат соработка за организмот да функционира.

Исто така, нагласува дека уште не може со сигурност да се каже дали тие вонземјани ќе се движат на две нозе или имаат големи зелени очи.

Без разлика на се, се уште немаме откриено живот на друга планета.

Но, како што пренесува Левин, само во нашата галаксија би можело да постојат стотици илјади планети на кои животот е возможен.

Теоријата на научниот тим е само мал чекор кон откривање на вистинската природа на вонземјаните.

Извор: B92.net