GTA V продадена во 85 милиони примероци

Grand Theft Auto V сè уште котира високо на месечните листи на најпродавани игри ширум светот, за што најдобро зборува и цифрата од 85 милиони продадени копии.

Информацијата доаѓа директно од издавачот “Take-Two”, кој неодамна издал извештај за продажбата за вториот квартал на тековната година, во кое е наведено дека тогаш GTA V била најпродаваната видео игра на сите времиња во Соединетите Американски Држави.

Оваа игра ѝ донесе на компанијата голема количина на пари, бидејќи на “Steam” каде што и најдобро се продава, и понатаму ја држи стандардната цена од 60 долари.

Покрај одличните “single-player” приказни, кон овој успех најмногу допринесува GTA Online во која играчите поминуваат многу време, и која постојано добива нови ажурирања со нови содржини.

Во извештајот се секако наведени и вкупните резултати од продажбата, во кои пред GTA V учествувале и NBA 2K18, Dragon City, Monster Legends и XCOM 2.

Извор: Play.co.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =