Драматична видеоснимка доаѓа од аеродромот во Сиетл, каде што патничкиот авион на „Хавајан ерлајнс“ се запали неколку секунди пред полетувањето.

На видеото се гледа како огромен пламен излегува од моторот на авионот. Инцидентот се случил во вторникот вечерта, објави РТ. За среќа, авионот не полетал и никој од патниците не бил повреден.

Од компанијата го потврдија дефектот на авионот, при што претставници од компанијата изјавија дека авионот „А330“ имал проблеми со левиот мотор и дека се истражуваат причините за проблемите. Компанијата им се извини на патниците и нагласи дека нејзините авиони се безбедни и дека нема причина за страв.