Осмото светско чудо или како што европските истражувачи претходно го нарекувале островот Нан Мадол е денешна Попмеја во Микронезија, преполно со древни градби и целосно ненаселено.

Овој остров многумина сметаат дека е Атлантида, а археологот Патрик Хант при посетата на островот, бил збунет од природата, како и 97-те делови одделени со канали за вода.

Древните градби потекнуваат од 2 век, но жителите на Попмеја не сакаат да доаѓаат тука, бидејќи веруваат дека местото е проколнато, додека пак оние кои нудат туристички тури, ги враќаат туристите пред да падне мрак.

Научниците сметаат дека островот бил центар на политичката моќ на кралството Саделур, се до 1628 година.