Аpple годинава реши да го облече iPhone 8 во стакло, а сите знаеме дека стаклото е материјал кој е склон на кршење. Но, Apple тврдеше дека при изработката на iPhone 8 користеле методи на зајакнување со челик и бакар, што го прави најиздржливо стакло кое некогаш се појавило на еден паметен телефон.

Дали стаклото е понатаму е само стакло без разлика како и да e третирано технолошки, одлучи да провери познатиот „јутубер” JerryRigEverything, кој го тестираше iPhone 8 со испуштање од различни височини, па можете да видите што се случува при случки на испаѓање од раце кои се многу чести во реалноста, како при вадење од џеб, неспретно држење во рака за време на пишување пораки и телефонирање.

Погледнете го видеото: