Еден од начините на кој iPhone се одвојува од „стадото“ останати телефони е преку имањето на специјални рингтон мелодии. Тоа е случајот и кај новиот iPhone X.

Ексклузивниот рингтон за iPhone X се вика „Reflection“, па препорачуваме најпрво да го преслушате за да пресудите дали ви се допаѓа.

Најпрво, треба да го симнете аудио фајлот на вашиот компјутер, а него можете да го најдете тука.

Потоа, поврзете го вашиот iPhone со компјутер преку USB и отворете ја iTunes апликацијата. Отворете го фолдерот каде што сте го симнале фајлот „Reflection“ и преместете ја мелодијата во iTunes. Ставете ја во левиот дел, во фолдерот „Tones“, веднаш под името на вашиот телефон.

Кога ќе го направите тоа, земете го телефонот и одете во „Settings“. Стиснете на „Sound & Haptics“ и потоа одберете „Ringtone“. Би требало да ви се појави нова опција, наречена „Reflection“. Одберете ја, и вашата работа е завршена.