Една мала балтичка земја успеа да направи фасцинантен исчекор од поранешна советска република до една од дигитално најразвиените земји во светот. Станува збор за Естонија.

Новинарката на „Fortune-a“, Вивиен Волт, неодмна го посетила Талин, главниот град на Естонија, со цел од прва рака да го провери технолошкиот бум во таа земја.

„Малата земја, која се наоѓа меѓу Литванија и Русија е вистински пример за брзата експанзија на дигиталниот живот“, напишала во своите впечатоци Вивиен.

Во Естонија, електронските потписи имаат иста тежина како своерачно напишаните. Ова значи дека државата е во можност да ја елиминира потребата од голем број документи испишани на хартија.

Сите граѓани плаќаат данок на интернет и имаат дигитални лични карти, а здравствените картони се чуваат во една вмрежана дигитална база.

Естонија на странците дури им нуди и дигитален престој, доколку тие се заинтересирани да започнат бизнис во земјата.

Во продолжение, погледнете го и видеото каде се објаснува ваквиот напредок.

How Estonia Became a Tech Powerhouse

Did you know Estonia is a tech powerhouse? http://for.tn/2ppUfjq

Posted by TIME on Недела, 29 октомври 2017