Кинеските астрономи од Државната опсерваторија во Пекинг, објавија откритие со кое ги менуваат досега познатите граници на Млечниот пат. Според нивните последни премерки, Млечниот Пат е за 26% поширок отколку што досега беше познато.

Научниците спровеле LAMOST спектроскопска студија, која е најголема на планетата. Тие откриле дека видливата ноќна галаксија има радиус од 19 килопарсека. Тоа значи дека нашиот ѕвезден систем се протега на речиси 38 килопарсека (1,1-1,2 илјади трилиони километри), а не 30, како што се сметаше досега.

Научниците признаваат дека новите граници на Млечниот Пат не треба да се сметаат за апсолутни. Утврдувањето на новите граници на Млечниот Пат може да ни помогне да го проучиме процесот на ширење на универзумот и формирањето на галаксиите и ѕвездите.