HTC ги претстави новите смартфони U11 Plus и U11 Life

Компанијата HTC го претстави два нови члена од U семејството на паметни телефони – HTC U11 Plus и HTC U11 life што се реализирани по примерот на моделот познат по својот надграден дизајн и иновативност – HTC U11.

Поголемиот модел HTC U11 Plus ги донесува сите најсовремени технологии по принципот „без компромис“, додека помалиот HTC U11 life нуди Andoid One i двојно помала цена од половина година стариот модел HTC U11.

HTC U11 Life има единствени карактеристики на премиум телефон по значително ниска цена, вклучувајќи ги и софтверските иновации на Google кои доаѓаат со платформата Android One. Погледнете ги спецификациите на новопретставениот модел U11 Life:

Димензии: 149.1 x 72.9 x 8.1 mm (5.87 x 2.87 x 0.32 in)
Тежина: 142 g (5.01 oz)
SIM: Nano-SIM
Eкран: Super LCD capacitive touchscreen, 16M colors
Големина на екранот: 5.2 инчи, 74.5 cm2 (~68.6% screen-to-body ratio)
Резолуција: 1080 x 1920 pixels, 16:9 ratio (~424 ppi density); Corning Gorilla Glass (unspecified version)
Оперативен систем: OS Android 8.0 (Oreo); Android One
Chipset: Qualcomm Snapdragon 630, CPU Octa-core 2.2 GHz Cortex-A53, GPU Adreno 508
Меморија: microSD дo 256 GB, интерна 64 GB, 4 GB RAM или 32 GB, 3 GB RAM
Камера: 16 MP, f/2.0, phase detection autofocus, LED flash, секундарна 16 MP, f/2.0, 1080p, HDR, panorama
Додатоци: Geo-tagging, touch focus, face detection, HDR, panorama
Видео: 2160p@30fps
Звук: Vibration; MP3, WAV ringtones, 3.5mm jack – 24-bit/192kHz audio
Батерија: Li-Ion 2600 mAh battery
Цена: дo 400 eвра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =