Минатогодишниот OnePlus 3 неколку месеци по неговото претставување, ја доби својата подобрена верзија OnePlus 3T. Сега, овогодинешниот OnePlus 5Т ќе го добие истиот апдејт.

Претходно пишувавме дека OnePlus 5Т ќе се појави на 16 ноември, откако протече фотографија на интернет. Излегоа и спецификациите за најновиот модел на кинескиот производител OnePlus 5Т. Нормално, постојано се појавуваат спецификации, карактеристики и фтографии од уредот. Evan Blass, на твитер сподели нова слика од предниот дел на уредот.

– Android 7.1.1 Nougat
– OLED 6″ дисплеј 2160 x 1080 пиксели, 18:9
– Должина од 155.9 x 75.1 x 7.2мм
– Snapdragon 835 процесор
– 6GB / 8GB RAM меморија
– Двојна задна камера со 16MP + 20MP
– Предна камера од 16MP
– Внатрешна меморија од 64GB / 128GB
– USB-C влез со Dash Charge
– 64GB/6GB RAM – 540 евра
– 128GB/8GB RAM – 600 евра

Цените на кинескиот модел се превисоки, а високите напишани спецификации се само хартија што најчесто излегува дека не се точни во реалноста кога го ракуваме телефонот. Останува допрва да видиме дали сето ова ќе се обивистини.