Место во Тихиот Океан, за коешто малкумина знаат, е вистинска „депонија“ за вселенските летала чијашто мисија завршила.

Тоа е наречено „Точка Немо” („Point Nemo”) и се наоѓа на 2.700 километри од најблиското копно. Тука се „складирани“, односно принудно приземјени 260 летала, повеќето руски, од коишто првото паднало таму во 1971 година. Поголемиот дел од ракетите, сателитите и слични вселенски објекти, согорува во атмосферата при паѓањето кон Земјата, но некои делчиња од нив доаѓаат до Земјината површина.

Оддалеченоста од копното, од пловните и воздушните рути, им овозможува на вселенските агенции да избегнат каков било судир. Меѓу остатоците од вселенски летала „сместени” во оваа област, се наоѓаат и оние на Спејс-Икс, неколку товарни летала на Европската вселенска станица и советската станица „Мир”.

„Депонијата“ се наоѓа во јужниот дел од Тихиот Океан, меѓу Австралија, Нов Зеланд и Чиле.