Помеѓу 1969 и 1972 година, на Месечината слетале 12 астронаути. Астронаутите досега однеле многу опрема на Месечината, но и некои сосема необични предмети.

Во продолжение, погледнете кои се најнеобичните работи кои се нашле на Месечината.

Леб и вино за причест

Во тоа време за ова не се зборувало, но Баз Олдрин, астронаут на мисијата „Аполо 11“, носел причест на Месечината. Олдрин бил член на Презвитеријанската црква и го прашал пасторот како да го одбележи спуштањето на првите луѓе на Месечината. Свештеникот подготвил причест и Олдрин ја однел на Месечината. Се причестил веднаш по слетувањето.

Лава од Орегон

НАСА ги припремала астронаутите за прошетка по Месечината така што организирала тренинзи на Земјата. Орегон имал неколку места што потсетувале на површината на Месечината, па астронаутите често престојувале таму. Астронаутот Џејмс Ирвин одлучил на Месечината да однесе парче стврдната лава од Орегон.

Делови од леталото на браќата Рајт

Браќата Рајт биле од Охајо. Астронаутот Нил Армстронг од мисијата „Аполо 11“ исто така потекнувал од оваа американска држава и во чест на пионерите на летањето однел дел од нивното летало.

Плоча од универзитет

Сите три астронаути на мисијата „Аполо 15“ студирале на Универзитетот во Мичиген, па одлучиле да ѝ оддадат почест на оваа институција. Тие го основале Здружението на алумни универзитетот со седиште на Месечината. Дури и оставиле плоча на која пишува „Здружение на алумни од Универзитетот во Мичиген“.

Значки

Некои од астронаутите однеле значки на Месечината. Во мисијата „Аполо 11“ на Месечината завршила значка во облик на орел што носи маслиново гранче како традиционален симбол на мирот. Во оваа мисија астронаутот Ален Бин ја оставил својата сребрена значка.

Семејна фотографија

Астронаутите носеле разни фотографии на Месечината, но најпозната е онаа што во мисијата „Аполо 16“ ја оставил астронаутот Чарлс Дјук. На неа се наоѓаат Дјук, неговата сопруга Дороти и неговите два сина Чарлс и Томас. На позадината пишувало:

„Ова е семејството на астронаутот Дјук од планетата Земја. Слета на Месечината во април 1972 година“. Под тоа се наоѓаат потписи од неговата сопруга и децата. Се претпоставува дека по кратко време била уништена од сончевата светлина

Две голф-топки и палка

Алан Шепард бил првиот Американец што патувал во вселената и еден од астронаутите во мисијата „Аполо 14“. Во текот на втората “прошетка” тој однел на Месечината две голф-топки и палка. Дури и се обидел да изведе неколку удари. Топките сè уште се на Месечината, но палката ја вратил на Земјата. Таа е изложена во музејот USGA во Њу Џерси.

https://twitter.com/HistoryInPix/status/858864217411252225

Силициумски диск со порака од Земјаните

Армстронг и Олдрин оставиле силициумски диск со големина на паричка во кој се впишани пораките за мир од 73 држави, меѓу кои и пораките на кралицата Елизабета II, Индира Ганди и на папата Павле VI.

Дискот може да опстане на Месечината илјада години. Тој е траен доказ дека многу лидери, и покрај напнатите односи што владееле во 1969 година, биле обединети во оваа мисија.

Пердув од сокол

На Месечината нема воздух, поради што опкружувањето е идеално за демонстрирање физички експерименти кои зависат од отпорот на воздухот.

Астронаутот на мисијата „Аполо 15“, Дејвид Скот, се обидувал да го проба принципот на Галилеј според кој лесните и тешките предмети паѓаат со иста брзина доколку нема отпор на воздухот. Тој од иста висина фрлил пердув од сокол и чекан, па и двата предмети го допреле дното во исто време.

Извор: B92.net