Познатиот производител на фотоапарати Nikon ќе ја затвори својата фабрика во Кина.

Станува збор за погон во провинцијата Јиангс на источниот брег од таа азиска држава. Фабриката била отворена од 2002 година и вработувала околу 2.500 работници.

Таму се работело на производство на entry-level компактните дигитални фотоапарати и на уште некои делови за Single Lens Reflex фотоапаратите.

Како причина за затворање на погонот се наведува фактот дека корисниците се почесто наместо entry – level компактни дигитални фотоапарати се одлучуваат за купување на смартфони, кои со развојот на новите технологии имаат се подобра камера.

Според прелиминарните податоци, компанијата до крајот на оваа фискална година ќе забележи пад на продажбата на фотоапарати дури за 28 отсто.

Смартфоните со своите одлични камери полека но сигурно ги заменуваат фотоапаратите, иако тие и понатаму имаат дополнителни опции и преку нив може да се добие поквалитетна фотографија.

Извор: B92.net