Најочекуваниот мобилен телефон за оваа година стигнува во продажба на 3 ноември, а американските медиуми за технологија успеаја да се запознаат со iPhone X порано од очекуваното.

Според мислењата на критичарите, 5,8-инчниот iPhone X е најдобриот модел на iPhone кој Apple некогаш го направиле. Овој телефон е многу тенок, издржлив и има одлична камера. Меѓутоа, на корисниците веројатно ќе им биде потребно малку повеќе време додека да се навикнат на новата опција за отклучување на телефонот со помош на сензор за препознавање на лица. Иако наоколу кружеа многу шпекулации дека Apple ќе имаат проблеми со сензорите за препознавање на лица, критичарите велат дека тие работат дури и подобро од што компанијата очекувала.

Да потсетиме, од Apple во текот на презентацијата на iPhone X рекоа дека шансите телефонот да го отклучи некој друг освен сопственикот се 1:1.000.000. Освен Face ID опцијата, iPhone X има и различен систем на навигација од неговите претходници. Од Apple истакнаа дека iPhone X нема да биде само нов модел на iPhone, туку почеток на една нова генерација на телефони.

Десетата генерација на iPhone доаѓа во верзии од 64 и 256 GB. Телефонот има две задни камери од 12 мегапиксели кои се сместени една под друга, а има и предна камера. Камерите имаат двојна оптичка стабилизација на слика. Телефонот ќе биде достапен во две бои, сребрена и црна.

Извор: Klix.ba