Twitter воведе нови правила за објавување на порнографска содржина

Twitter официјално ја претстави својата нова политика во однос кон порнографските содржини кои се објавуваат на оваа популарна социјална мрежа.

Американските медиуми пренесуваат дека новите правила вклучуваат доста строги казни за корисниците кои нема да се придржуваат кон нив, а кои имаат за цел да обезбедат подобра заштита за жртвите.

Извршниот директор на Twitter Џек Дорси неодамна одржал неколку состаноци со врабоените во врска со новите правила со кои Twitter ја проширил комплетната дефиниција околу порнографските содржини.

Twitter од сега ќе ја покрива и „сокриената содржина на камерата“, како и други слики и видео – записи „кои не се наменети за јавна дистрибуција“.

Корисниците кои нема да ги почитуваат овие правила ќе се соочат со строги казни како што е спусензија на профилот кој објавува порнографски содржини без одобрение на некои лица.

Во одредени случаи возможно е и добивање на привремена суспензија доколку корисникот не е автор на забранетата содржина, односно доколку само го дистрибутира. Во тој случај од тој корисник ќе биде побарано да ја избрише таа фотографиај или видео – запис.

Овие ажурирања пристигнуваат како последица од активностите на движењето #WomenBoycottTwitter, со кое е изразено незадоволство поради честите напади врз жени на оваа социјална мрежа.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =