Јапонскиот производител на воздушни перничиња и автомобилски делови од гума и пластика „Toyoda Gosei“ го престави првиот т.н. “мек” автомобил кој го носи името „Flesby II“. Инженерите и дизајнерите на компанијата веруваат дека ова е патот по кој ќе еволуира автомобилскиот бизнис во следните години се до 2030-тата.

Според Јапонците за малку од една деценија автомобилите ќе бидат целосно автономни, а за патниците ќе останува само да си најдат место во меките седишта во внатрешноста, кои ќе се прилагодуваат на формите на човечкото тело.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Flesby II е еластичен и внатре и надвор. Панелите со кои е направен се од иновативен гумен материјал низ кој минува светлина. Кабината може да ја промени својата форма под влијание на електричната енергија.

Благодарение на вградените LED диоди на видливите површини на Flesby II, може да се прикажат различни пораки или слики. Во случај да удрите некој пешак со овој футуристички автомобил, голема е веројатноста пешакот да остане неповреден, освен што може да добие повреди од евентуалниот контакт со коловозот.