На 20.  ноември, започнува талент програмата за вгнездени (eng.: embedded) системи, во организација на Сеавус. Програмата опфаќа двонеделен тренинги една недела практична работа на реални проекти. Практичната работа не е задолжителна.

Темата на овој тренинг е корекција и доработка на Linux оперативниот систем и изработка на прилагоден Linux оперативен систем за користење во вгнездени системи. Предавањата и тренинзите ќе ги водат експерти од Сеавус од областа на вгнездените системи.

Програмата е наменета за дипломирани или студенти на последната година од студиите на некои од техничките факултети. Студентите ќе бидат избрани по пат на интервју или тестирање на нивните знаења за програмскиот јазик C и користење на Линукс опертивниот систем. Оттука, потребно е основно ниво на нивно познавање.

На крајот од програмата, најдобрите и највреднитеучесниците ќе се стекнат со можност за вработување во Сеавус ембедед тимот кој работи на слични проекти за големи интернационални компании.

Часовите ќе се одвиваат во работните денови, во периодот од 09.00 до 15.00 часот.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на career.seavus.com, најдоцна до 15-ти номеври 2017 година: http://career.seavus.com/job-opportunities/job/embedded-talent-program