Невремето што вчера го зафати северниот дел на Централна Европа за малку ќе срушеше патнички авион. На снимката што ја објави Би-би-си се гледа како леталото се обидува да слета на аеродромот во Салцбург, Австрија, но пилот не успеа да ги совлада силните ветрови и мораше да го откаже слетувањето и да се врати на аеродромот во Франкфурт.

Авионот неколку моменти се лулаше лево-десно, но во еден момент за малку ќе удреше со десното крило на пистата.

Извор: Макфакс