Од 2020 година натаму за жителите од регионот ќе биде потребно посебно одобрение за патување во земјите од шенген зоната. „Европскиот систем за патни информации и одобренија (ETIAS) не е виза. Секоја наша намера оди во правец на зачувување на блискоста и партнерството со Западен Балкан и со цел полесно движење и контакти меѓу жителите на регионот и ЕУ“ велат од ЕУ.

Новиот систем е предложен пред една година како последица на засилениот прилив на патници кои без виза влегуваат во ЕУ. Целта е, како што велат оттаму, да се зајакне европскиот систем за управување со граници и миграции, што ќе биде од корист и за ЕУ и за замјите со безвизен режим.

„ETIAS не се визи туку едноставен и евтин безбедносен механизам кој се применува на сите земји чии граѓани патуваат без виза во шенген зоната, вклучувајќи ги и САД и Канада. Граѓаните кои уживаат безвизен режим и понатаму ќе патуваат без визи со едноставно одобрение за влез во шенген зоната“ објаснуваат од ЕУ.

Според нив, станува збор за мал процедурален чекор кој во најголем број случаи ќе го олесни патувањето во ЕУ, ќе ја зглеми заедничката безбедност и ќе се избегне бирократијата и задржувањето при влегување во земја на ЕУ. За разлика од визите, сега преку Интернет ќе се пополнува формулар без трошоци освен за такса.

Патниците на Интернет ќе треба да пополнат податоци како: име и презиме, адреса, датум на раѓање, контакти, каде патуваат и можни информации за болести, дали живееле на територија каде што некогаш имало војна, дали се кривично гонети или претходно депортирани од ЕУ. Одговорот би требало да стигне за најмногу 72 часа. Предлог на Европската комисија беше таксата за добивање одобрение, која се плаќа електронски, да изнесува 5 евра, а еднаш добиеното одобрение да важи за нограничен број патувања во шенген зоната во рок од 5 години или до истекот на пасошот. Сепак, тоа се промени во 10 евра такса и рок на важење од 3 години. Секако, ова може допрва да се смени уште еднаш додека Европскиот парламент да го усвои предлогот. Од ЕУ очекуваат дека околу 95% од барањата ќе бидат автоматски одобрени во од 72 часа и одобрението ќе стигне на имејл кај патникот.Во случај на неодобрување, патникот може да се жали на одлуката.

Извор: Bizlife.rs