Twitter воведува нови правила за политичко рекламирање

Twitter најави низа мерки кои би требало да обезбедат поголема транспарентност кога е во прашање политичкото рекламирање на оваа социјална мрежа.

Компанијата има намера да усвои построга политика во поглед на рекламната содржина, да ги подобри постоечките контроли и да отвори центар кој ќе ги зачувува информациите за огласувачите и пораките со спонзорирана содржина, напиша на својот блог Брус Фалк, еден од менаџерите на Twitter.

„Ќе бараме од огласувачите јасно да ги идентификуваат нивните огласи“, напиша Фалк, додавајќи дека оние кои рекламираат политичка содржина мора јасно да имаат наведено дека се работи за таков оглас.

Овие мерки технолошкиот гигант ги презема по наводното мешање на Русија во американската претседателска изборна кампања во 2016 година.

Facebook, Twitter и Google на своите сајтови најдоа содржина која била спонзорирана од руски интересни групи во текот на кампањата.

Американските сенатори минатата недела предложија дека социјалните мрежи треба да воведат правила на транспарентност какви што важат за телевизиските канали.

Извор: B92.net

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × three =