Еден од најпознатите аналитичари на Apple ги објави своите предвидувања поврзани со почетокот на продажбата на новиот iPhone X.

Се наближува 3-ти ноември, денот кога ќе стартува продажбата на новиот iPhone X, паметниот телефон на Apple кој што дефинитивно е еден од најкоментираните уреди оваа година, и секако еден од најисчекуваните уреди.

Сепак, со оглед на тоа што неодамна се појавија информации дека Apple ќе задоцни со испораката на голем број на нови iPhone X телефони, многумина се загрижени дали Apple ќе успее да достави „задоволителен“ број на телефони на стартот од продажбата.

Одговор на тоа прашање понуди познатиот аналитичар на Apple, Минг Чи Куо од компанијата “KGI”. Според неговите предвидувања кои што речиси секогаш се точни, на првиот ден од почетокот на продажбата, Apple ќе има од 2 до 3 милиони iPhone X телефони „готови“ за продажба.

Поради низа на проблеми, како од технички аспект, па така и проблеми со дистрибутерите, Apple според Куо ќе понуди „скромна“ бројка на почетокот на продажбата.

Сепак, според него, до крајот на годината се очекува Apple да ги реши сите проблеми, па на пазарот да се појават некаде околу 30 милиони примероци на iPhone X, а драстично зголемување на бројката, а со тоа и продажбата се очекува веќе од идната година.

Извор: Zimo.hr