Болниците во Швајцарија од наредниот месец ќе бидат опремени со медицински дронови кои ќе ја сочинуваат револуционерната автономна мрежа за достава

Болниците преку договор со компанијата Matternet од Калифорнија ќе воспоставуваат мрежа на дронови ширум земјата. Дронот го носи името Matternet Station и поседува оддел за товар, како и паметна платформа за полетување и слетување со цел да можат болниците бргу да праќаат и примаат клучни медицински примероци и ресурси.

Во март годинава, швајцарската влада ѝ даде дозвола на компанијата да ја користи логистичката мрежа за дронови над густо населените градови.

Доколку на пациентот му е потребна итна трансфузија на крв, а на локацијата не е возможно да му се утврди крвната група, преку дронот ќе може да се испрати потребната опрема без грижи дека процедурата ќе се оддолжи поради сообраќаен метеж.

Докторите ќе можат да добиваат резултати и примероци преку дронот, а истиот ќе може да се управува преку апликација. Заклучувањето и отклучувањето на дронот за да се земе примерокот ќе се врши со помош на QR код.

Компанијата Matternet очекува до крајот на годината да има развиена мрежа во Швајцарија која постојано ќе расте. Компанијата веќе соработува со организацијата Doctor without Borders во земјите во развој каде доставата на опрема и лекови со дрон е клучна.

Извор: Klix.ba