Фејсбук-страницата „Ивица Коневски за Аеродром“ е лажна, информираше денеска поранешниот градоначалник на Аеродром. Тој во информација до медиумите наведува дека не стои зад страницата, на која без негова дозвола се злоупотребуваат неговото име и фотографијата.
Тој додава дека неговата официјална страница на социјалната мрежа е „Ivica Konevski“. 
Во описот на страницата „Ивица Коневски за Коневски“ е наведено дека „оваа страница не е официјална и е фан-страницcа за поддршка“ на градоначалникот на која се пренесуваат новости за oпштина Аеродром.
Извор: Макфакс