Покрај на Facebook и останатите социјални медиуми, веб порталот за популарна технологија USB.mk отсега ќе можете да го следите и на Viber.

Посетете ја јавната група на USB.mk на Viber и со вашиот мобилен телефон скенирајте го QR кодот за да не следите на популарниот сервис за чет. Исто така, од самата Viber апликација за мобилни уреди или од десктоп апликацијата на вашиот компјутер, можете да ја пронајдете групата USB.mk во полето за пребарување и од таму да ни се придружите на Viber.

Од самата група ќе можете да ги следите најновите информации од областа на популарната технологија, што секојдневно се објавуваат на нашиот веб-портал. USB.mk е креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања, кои на дневно ниво ги информираат, едуцираат и советуваат посетителите со мноштво нови содржини покривајќи ги глобалните трендови, но и локалниот пазар.