Google Maps го тргна бројачот на килограми, откако дебелите се почувствуваа навредени

Google Maps ќе го отстрани својот бројач на калории затоа што некои дебели луѓе се почувствувале навредени. Значката која покажува колку калории корисникот ќе потроши доколку пешачи место да вози автомобил или користи јавен превоз, ќе биде отстранета за неколку дена.

Google користи слики од мали колачиња кои означуваат колку калории се потрошени. Тоа навредува голем број дебели луѓе, чии приговори ја присилија компанијата да ја тргне оваа значка.

„Иако Google смета дека оваа значка поттикнува на здрави навики кај луѓето, за некои истата претставува осуда. И таа би можела да има штетно влијание кај лицата кои лошо се хранат. Се проценува дека дури 30 милиони луѓе во САД лошо се хранат.

Да се биде дебел не е движење за социјална правда. Дебелите луѓе не се заштитено малцинство. Да се биде дебел е како пушењето. Тоа е страшен животен избор, кој ве обесхрабрува во сите можни ситуации.

Дебелината е поврзана со сите видови страшни болести, вклучително и болести со срцето, инфаркт, дијабетис, рак и остеоартритис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × one =