Се работи за алтернативен и персонализиран news feed, кој ќе се темели на она што ви се допаѓа и што сте споделиле, а кој ќе ви помогне да откриете уште непознати области на интернет.

Социјалната мрежа Facebook денеска заврши со објавувањето на новата алатка Explore Feed до сите свои корисници. Оваа алатка, која се крие зад иконата во форма на ракета, многу корисници ја добија пред неколку недели, а на истата се објавуваат постови за кои Facebook смета дека за секој корисник би биле интересни.

На десктопот верзијата Explore Feed е сместена во левиот горен агол, веднаш под News Feed. Кога е во прашање Facebook апликацијата за Android, Explore Feed се отвора со еден клик на икончето во форма на ракета, кое се наоѓа меѓу„News Feed и барањето за пријателство.

Во iOS апликацијата, пак, ова мени е малку сокриено и се наоѓа во дополнителните опции на Facebook до кој се пристапува со еден клик на икончето во форма на три линии во долниот десен агол.

Facebook одлучи да ја воведе оваа промена за да го олесни забележувањето на објавите на вашите пријатели.