Новото седиште на унгарската компанија за нафта и гас MOL ќе го проектира познатото архитектонско студио Foster + Partners.

Објектот MOL Campus, планиран е да се гради во јужниот дел на Будимпешта, осмислен е како одржлив објект кој ќе биде во просторна и еколошка складност со околниот парк.

Објектот се состои од седумкатна база опкружена со шеталиште и парк, а од неа суптилно се издига кула од 28 катови – односно, ќе биде новата највисока зграда на унгарската престолнина.

„Објектот е единствен предизвик, кои во исто време треба да обезбеди зградата да ги задоволува функционалните потреби, да ги следи највисоките стандарди  на одржливост, но и да го почитува историскиот аспект на опкружувањето“, изјави Nigel Dancey од бирото Foster + Partners.

Идејата е да се воспостави релаксирачка атмосфера и на тој начин да се поттикне соработка помеѓу вработените, вегитацијата и природното осветлување присутни се од подножјето на зградата па се до самиот врв на кулата, каде што на последниот кат ќе биде сместена кровна градина отворена за јавност, пишува ArchDaily.

будимпеста (2)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Кулата и базниот дел на објектот осмислени се како едноставна целина, и треба да создаваат чувство на поврзаност низ сите канцеларии, како и градините кои ги поврзуваат катовите“, изјави Nigel Dancey.

Една од целите е да се осмисли простор во кој вработените ќе се чувствуваат пријатно. Тоа е постигнато и на тој начин што тие ќе имаат директна врска со надворешното опкружување кое дава свеж воздух, природно осветлување и убав поглед на Будимпешта.

Објектот ќе користи разновидни системи за одржливо создавање и користење на енергија, како што се фотонапонски ќелии, но и систем за собирање и чување на дождовница.