Иако технолошкиот гигант Apple изминативе неколку месеци не открива многу информации околу развојот на автономни автомобили, на Twitter се појавија фотографии и видео од идниот миленик на Apple.

Судејќи според објавената содржина, самоуправувачкиот автомобил на Apple се разликува од оној модел кој прв пат бил видел во Сицилиумската долина пред неколку месеци. Автономниот автомобил на Apple сега изледа како да е опремен со стандардни сензори и хардвер, вклучувајќи и шест LiDAR сензори, неколку радари и голем број на камери. Според мислењето на експерти, многу ќе биде инетересно да се види како на возилото на Apple на различен начин се споени и монтирани сензори, во однос на другите автономни автомобили.

Пред неколку месеци од оваа компанија не сакаа да зборуваат за самоуправувачки автомобили се додека не ги разоткри дозволата за тестирање на овие дозволи на јавните патишта во Калифорнија. Еден од претставниците на водечката технолошка компанија Тим Кук, тогаш ги претстави намерите на Apple да се впушти во пазарот со автономни возила.

Меѓутоа, Apple одлучи да се позанимава со равој на технологија која ќе овозможи функционирање на самоуправувачки автомобили, а не со изработка на возила.

Извор: Klix.ba