WhatsApp повторно со изненадување за своите корисници

WhatsApp ги здружи силите со Google Maps и Facebook со што им овозможи на корисниците опција да споделат локација во реално време.

Оваа опција од денеска може да ја користат сите сопственици на мобилните уреди со Android и iOS оперативните системи.

Опцијата Live Location се активира преку разговорот, а се што е потребно да се кликне на attach и да се избере опцијата Location.

Тогаш ќе се појави нова опција за споделување на локацијата во живо, од кои е можно да се одобри споделување на локациите 15 минути, 1 час или 8 часа. Потоа е потребно да се притисне само send.

Live Location е видлива само за учесниците во конверзацијата. Ако повеќе луѓе ја споделуваат истата локација, секоја личност ќе биде видлива на мапата.

Извор: Tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − 6 =