Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] објави три главни иницијативи кои ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.

Првата е создавањето на Publicis Spine, алатка која ги спојува сите податоци, технологии и талент на Publicis Groupe, зајакнувајќи ја уникатната предност на компанијата за водење и поврзување на маркетинг трансформацијата и дигиталната бизнис трансформација. Publicis Spine опфаќа три основни компоненти.

1. Унифицирани податоци од 3 различни извори кои ќе овозможат да се создадат единствени идентификациони карти, кои ќе информираат кога, каде и како да се информираат потрошувачите и со каква порака.

2. PeopleCloud, платформа базирана на облак која користи податоци за да ги идентификува изворите на раст на клиентите на индивидуално ниво. Оваа “крај-до-крај” платформа комбинира бихевиористичка и семантичка интелигенција, за информирање на медиумите и донесување креативни одлуки, за активација и динамично мерење.

3. Колективната моќ на 3.500 инженери, аналитичари и стратези од целата PublicisGroupe собрана во една централизирана база на податоци и анализи, ќе им помогне на клиентите да ги претворат податоците во бизнис решение.

Publicis Groupe со оваа трансформација креира нова ера во маркетинг и дигиталниот бизнис, создавајќи уникатна и софистицирана платформа за комуникација со потрошувачите. Пристапот до овие ресурси ќе имаат клиентите на Publicis Groupe низ различни локации, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи им да го развијат нивниот бизнис и категорија.

“Ова се следните природни чекори во развојот на нашиот модел. Кои водат кон понатамошно зајакнување на способноста за маркетинг и бизнис трансформација и, што е најважно, остануваме тесно меѓусебно поврзани, поттикнати и охрабрени од сите наши експертизи” – изјави Arthur Sadoun. „Во денешниот свет, брендот е искуство, а искуството е бренд” – изјави Steve King. “Овие способности ќе ни помогнат да ги ослободиме нашите потенцијали, со цел да овозможиме развој на нашите клиенти и да креираме подобро искуство за потрошувачите”.