Како ќе изгледа Шангај за 100 години отсега?

Некои песимисти велат дека кинеската метропола ќе потоне под вода поради растечкото ниво на морињата и океаните. Како одговор на тоа италијанската компанија Stefano Boeri Architects, кои ги градат вертикалните шуми во Кина, во соработка со Кинеската вселенска агенција и Градската лабораторија од иднината на Универзитетот Тонгџи направија концепт за шангајска колонија на Марс. Колонијата ќе го носи името Vertical Forest City и овој нов Шангај ќе користи екосистемски семиња за да „пушти корени“ на Црвената планета.

Визијата на Stefano Boeri зе базира на идејата екосистемски семиња, односно џиновски садови во кои ќе биде поставена инфраструктура за вертикален зелен град и атмосферски гасови неопходни за живот. Проектот го носи името Vertical Forest Seeds on Mars и неодамна беше претставен на најновото издание на најбитниот саем за урбано планирање, архитектура и јавна уметност во Шангај, Shanghai Urban Space and Art Season. Тримесечната изложба насловена „This—CONNECTION—sharing a future of public space“ се состои од различни проекти од ументоста, архитектурата, урбаното планирање и дизајнот со заедничка тема – иднината на градовите.

Посетителите можат да го видат и да го искусат проектот Vertical Forest Seed on Mars преку засилена реалност и инсталацијата на изложбата или преку онлајн софтвер. Stefano Boeri ќе го претстави и проектот RADURA, односно инсталација која функционира како антена во рамките на Vertical Forest Mars Seed за добивање информации од минатото, сегашноста и иднината.

Извор: Иновативност.мк