Компанијата Apple има намера до 2019 година на пазарот да исфрли ново Apple Pencil пенкало кое што на корисниците на iPhone и iPad ќе им овозможи потполна прецизност во типкањето и скицирањето на екраните на допир.

Основачот на Apple, Стив Џобс беше против користење на екрани чувствителни на додир, но времињата се менуваат, па iPhone уредите добија големи стаклени екрани, а наскоро и пенкало. Тоа ќе може да се користи за цртање, графички дизајни, анимации, како и за секојдневното типкање, сурфање онлајн, за чет и друго.

Како и претходните модели на пенкалата на Apple, и ова ќе се полни преку USB кабел, и тоа ќе оди прилично брзо. На пример, со полнеж од 15 секунди, пенкалото ќе работи 30 минути. Врвот на пенкалото се менува кога ќе се потроши.

Најголемиот конкурент на Apple, Samsung веќе им понуди на своите корисници телефон со пенкало.

https://www.youtube.com/watch?v=ccVWdSnEDGA