Според гласините на јужнокорејските медиуми, Apple ќе соработува со LG на развојот на телефон со екран кој се свиткува. Моментално нема никакви информации за  iPhone со екран кој се свиткува, освен тоа дека Apple нема намера да го претстави пред 2020 година.

Ако гласините се точни, ова ќе биде најголема промена на телефоните на Apple досега, иако нема да биде новина затоа што Apple нема да биде првата компанија која ќе претстави ваковСпоред гласините на јужнокорејските медиуми, Apple ќе соработува со LG на развојот на телефон со екран кој се свиткува. Моментално нема никакви информации за  iPhone со екран кој се свиткува, освен тоа дека Apple нема намера да го претстави пред 2020 година.

Ако гласините се точни, ова ќе биде најголема промена на телефоните на Apple досега, иако нема да биде новина затоа што Apple нема да биде првата компанија која ќе претстави ваков паметен телефон. Samsung веќе неколку години развива екрани кои се свиткуваат и нивниот прв телефон со оваа технологија можеме да го очекуваме веќе идната година.

Екраните кои се свиткуваат, односно телефоните ќе донесат многу нови можности на телефоните. На пример, за телефонирање и испраќање пораки ќе може да се користи преклопен екран кој не зазема многу место во џеб, а кога ќе сакаме да го користиме за читање екранот ќе може да се отвори и да се користи како телефон со голем екран или таблет.

Извор: Zimo.hr