Amazon конечно ја пушти во продажба втората генерација – Kindle Oasis сега e водоотпорен.

Има IPX8 рејтинг, што значи може да издржи 1 час, до 2 метра под вода. Kindle Oasis е најфенси читач на електронски книги. Задниот дел е изработен од алуминиум. Има dual core процесор. Батеријата има долг живот, може да издржи и цел месец (во зависност како го користите).

Дисплејот е исто така поголем и подобрен за разлика од предходните Kindle таблети. Голем е 7 инчи, со допојнителни ЛЕД светла, специјално прилагодени за ноќното читање. Можеш да одбереш повеќе фонтови, поголеми букви, бои… за да го подобриш читањето.

Сега можете да купувате повеќе Аудио книги…Новиот таблет има вграден блутут и лесно се поврзува со мали звучници.

Ова е најскапиот Kindle  досега – $250, 8 GB , само WI-FI . Постои варијанта 32GB со Wi-Fi, за $280 или 32GB со со Wi-Fi+сим картичка за $350.