Кинеските научници развија тест за мерење на коефициентот на интелигенцијата кај вештачката интелигенција и пресметаа колку всушност се паметни Google Assistant, Siri и Bing.

Тестот покажал дека најголем IQ има вештачката интелигенција на Google, додека пак најлошо стои Siri на Apple, но ако ги споредиме резултатите со тие од 2014-та година, видливо е дека во последите неколку години е направен огромен напредок на ова поле.

Тестот покажал дека IQ-то на Google Assistant изнесува 47,28 и научниците велат дека тоа е послабо од коефициентот на интелигенција кој што го поседува 6-годишно дете (55,5). Сепак, вреди да се истакне дека IQ на Google Assistant во 2014-та година изнесувал само 26,5, што значи дека е остварен голем напредок.

Со оглед на тоа што се вложуваат огромни средства во развојот на вештачката интелигенција, јасно е дека коефициентот на интелигенција ќе расте во следниот период, се додека истиот не успее да ја надмине интелигенцијата на луѓето. Во тој случај, никој не знае што ќе се случи со светот.

Што се однесува до Microsoft Bing, коефициентот на интелигенција изнесува 32,92, додека пак кај Siri на Apple коефициентот на интелигенција е измерен на скромни 23,9.

 Освен пресметката на IQ-то на вештачката интелигенција, кинеските научници предложиле и модел на оценување на вештачката интелигенција во контекст на заканите кои што ги претставуваат за човештвото. Моделот има шест нивоа, при што во првото ниво вештачката интелигенција може да разменува информации со луѓето, а во последното и најопасно ниво може да создава и применува нови знаења.

Според ова рангирање, програмата AlphaGo на Google се наоѓа највисоко – на третото ниво, затоа што се уште технологијата е во фаза на развој и не може да се смета за креативна затоа што и натаму на големо зависи од „тренингот“ на луѓето, но сепак, ќе биде интересно да се види во која насока ќе започне да се развива оваа вештачка интелигенција во следните неколку години.

Извор: Zimo.hr