Доколку сакате кучиња, но немате време да ги шетате и сметате дека доколку набавите едно, тоа би било осамено поради вашите бројни обврски, Sony има решение за вас.

Станува збор за новата генерација на роботското куче. Првата верзија на Aibo беше претставена кон крајот на деведесеттите, за во 2006 година Sony да се откаже од понатамошниот развој и да се фокусира на други производи.

Меѓутоа, сега Sony се враќа кон роботиката, па во новото одделение ќе работат и некои вработени кои работеле на развојот на оригиналниот Aibo, вклучувајќи го и “гуруто на вештачката интелигенција” – Масахира Фуџите. Според досегашните информации, новото роботско куче ќе има функција на паметни звучници како Amazon Echo.

Со ваквата функција ќе можете да го контролирате вашиот роботски миленик со помош на гласот, а тоа има опција и за вклучување и исклучување на светлата, давање информации за температурата, известувања од социјалните мрежи и слично.

Што се однесува до останатите информации како дизајнот, цените и некои додатни можности на роботот на Sony, тие сè уште не се познати. Ваквите информации се очекуваат во текот на следните неколку месеци или најдоцна во текот на следната пролет кога и официјално ќе биде претставен домашниот миленик на иднината.

Извор: B92.net