Компанијата Essential од идната седмица ќе започне да ја испорачува белата верзија на паметниот телефон Essential Phone кој што беше претставен во мај оваа година, но само во црна боја.

Essential Phone е првиот производ на компанијата која што ја основаше Енди Рубин, еден од креаторите на оперативниот систем на Google – Андроид. Телефонот на Енди Рубин во црна верзија се продава од 25-ти август по цена од 699 долари, а цената ќе остане иста и за белата верзија.

Покрај промената на бојата на куќиштето, новост кај белиот телефон на Essential Phone е и подобрата камера.

Сепак, иако Рубин произведе прилично квалитетен телефон, тешко се пробива на пазарот каде што доминираат брендовите како Samsung и Apple, но креаторот на Андроид е уверен дека неговата компанија може да се издигне во голем бренд.

Станува збор за телефон изработен од титаниум, има две камери – предната камера има резолуција од 8 мегапиксели, како и кај другите водечки паметни телефони на пазарот.