Често стандардниот блиц кој што го имаат речиси сите паметни телефони не е доволен за добро осветлување на фотографијата, па затоа тука е iBlazr 2.

Овој едноставен додаток кој што практично е дополнителен, екстерен блиц, одговара на сите модели на паметни телефони, функционира на апликациите за камери на iOS и Android, а со телефонот се поврзува преку Bluetooth.

Доволно е само да го прицврстите iBlazr 2 на вашиот паметен телефон, а потоа два пати да го допрете пред да ја направите фотографијата.

Сензорот кој што е чувствителен на допир овозможува подесување на јачината на светлото, така што можете да имате совршено осветлување во секоја прилика. Светлото секако може да биде вклучено и при снимање на видео записи.

Треба да се напомене дека апликацијата овозможува и синхронизирање на повеќе iBlazr блицови и посебно подесување на светлината на секој од нив. Еден ваков додаток чини 59,99 долари.