Милијардерот Ричард Бренсон вели дека за следните шест месеци ќе лета во вселената, 13 години откако леталото SpaceShipTwo произведено од неговата компанија Virgin Galactic, се сруши после пробниот лет.

„Се надеваме дека сме на само три месеци од нашиот лет во вселената, а можеби и само шест месеци од мојот лет во вселената“, изјави Бренсон минатата недела во Хелсинки.

Тој, во интервјуто дадено за британски Telegraph во април оваа година, изјави дека првите муштерии на тој комерцијален лет ќе можат да полетаат до крајот на 2018 година.

За „само“ 250,000 долари од лице, што би можело да биде сфатено и како разумна цена земајќи во предвид што се е потребно за такво патување, неколку стотици луѓе чии имиња се наоѓаат на листата на чекање од 2016 година, ќе можат да се впуштат во вселенска авантура.

Компанијата Virgin Galactic тврди дека на список има повеќе луѓе со желба да платат за пат до космосот од оние што вкупно веќе го посетиле.

Среќниците, кои ќе можат себеси да си го дозволат овој екстраваганден туризам, ќе имаат прилика да летаат со брзина три пати поголема од брзината на звукот.

Свртувајќи се на проектот SpaceX на Илон Маск и неговата цел до 2020 година да основа населба на Марс, Ричард Бренсон изјави:

„Заминувањето на Марс претставува неверојатен предизвик и јас претпоставувам дека Илон ќе биде првиот кој ќе стигне таму. Тој е заинтересиран за големи ракети, кој минуваат големи дистанци. Мојата љубов кон вселената го подразбира тоа колку можам да направам за луѓето овде на Земјата“.

Извор: B92.net