Новото европско седиште на Bloomberg – најодржлива деловна зграда во светот

Новото седиште на Bloomberg во Европа е лоцирано во срцето на Лондон, а објектот е прогласен за најодржлива деловна зграда на светот. Проектирана од страна на Foster + Partners,  деловниот комплекс е награден со престижниот BREEAM (Building Research Establishment Environmental Assessment Method) рејтинг, со резултат од  98.5%– највисокиот резултат било кога постигнат во оваа категорија. Постигнувањето на овој рејтинг односно перформанси на одржливост било во фокусот и главна цел на самиот процес на проектирање.

Blumberg-Evropa-plan

Новата централа на Bloomberg во Лондон е така изведена, да и вработените имаат што да напишат на тема нивните работни места. Имено, овој објект во кој седат новинари, финасиски аналитичари и банкарски експерти, изведен е по проектот на реномираното архитектонско биро Foster + Partners и тоа е така, што има смалена потрошувачка на вода за 73%, а електрична енергија за 35% во однос на потрошувачката на стандардни деловни згради.

Покрај иновативносто снабдување со енергија, осветлување и системот за вентилација  – кои најмногу придонесуваат во еколошкиот рејтинг на објектот, напредната технологија на когенеративна постројка за електрична и топлинска енергија (combined heat and power – CHP), овозможува ефикасно производство ан енергија за потребите на зградата со минимални емисии на јаглерод диоксид.  Според Bloomberg, најглавните технички аспекти на зградата вклучуваат:

  • Интегрирани панели на покривот: Системот вклучува 500,000 LED светилки,  користи 40% помалку енергија отколку класичниот флуоресцентен систем за осветлување во деловните објекти.
  • Конзервација на водата: Дождовницата од покривот, вишокот од ладилната кула, или пак водата од базени и тушеви се собира, третира и рециклира за користење во тоалетните школки. Годишно, овој систем заштедува 25 милиони литри вода, еднакво на количината на 10 Олимписки базени
  • Природна вентилација: Зависноста од механичката вентилација е сведена на минимум преку самиот дизајн на зградата, со што потрошувачката на енергија за вентилација е минимална.
  • Сензори за CO2: Во зависност од зафатеноста на објектот во секоја зона, системот динамички го подесува протокот на воздух за вентилација, со што се заштедува 600-750 MWh електрична енергија годишно, при оптимален квалитет на внатрешниот воздух.
August 2017

Ништо пмалку интересна не е и фасадата, која е изведена од 117 масивни бронзени брисолеи кои се поместуваат во зависност од положбата на Сонцето со што овозможуваат природна вентилација на објектот, а воедно и создаваат ладовина во внатрешноста.

За време на шестгодишното градење на објектот се постигнало, нивото на рециклирање на отпад да биде 95%. Практично, речиси на целиот отпад му е најдена нова примена.

Комбинираната топлотна и електрична централа генерира топлина и електрична снага низ еден систем со што заштедата на годишно ниво е помеѓу 500 и 700 тона јаглерод диоксид.

 

Дека ништо не е оставено на случајноста, говори и податокот за вградени системи за собирање на дождовница и за собирање на отпадни води од тоалетите, кои се прочистуваат и се враќаат во системот како техничка вода.

Во внатрешниот простор се протегаат големи, вертикални градини, кои го оплеменуваат просторот, но и го прават воздухот во внатрешноста пријатен.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + fourteen =