Астрономи од Институтот за астрономија на Канарските острови откриле карпеста планета оддалечена од земјата околу 32 светлосни години, на која годината трае само девет денови. Планетата е наречена ГЈ536, а поради својата големина влегува во категоријата – суперземја. Се претпоставува дека нејзината маса е 5,4 пати поголема од онаа на Земјата, кружи околу ѕвездата наречена „црвеното џуџе“, а една година таму трае само 9 дена.

Истражувачот Алехандро Суарез Маскарењо вели дека вакви карпести планети често се ноѓаат во групи, особено околу ѕвездите од овој тип. Научниците се сигурни дека е можно да најдат и планети кои се оддалечени од своето сонце и чија година трае помеѓу 100 дена и неколку години споредено со годините на Земјата.