Моментално на Крим се одвива еден од најмонументалните градежни подвизи: со бродови се транспортираат делови од новиот мост тешки 5.500 тони.

Комплицираниот потфат за пренос на деловите од мостот до својата дестинација почна рано наутро во средата, а на својата крајна одредница истите ќе пристигнат во вторник.

Руските власти моментално го запираат бродскиот сообраќај на овој дел од Црно море, имајќи во предвид дека 72-часовната инсталација на Кримскиот мост моментално е најважен и најголем приоритет. Деловите долги 45 метри ќе бидат подигнати 35 метри над водата кога инженерските експерти ќе започнат со нивната инсталација.

Истите ќе ги креваат 12 најмоќни дигалки кои можат да кренат товар од 650 тона. Во тоа време на мостот инженерите ќе обезбедат сè и полека ќе го вршат преносот за да го обезбедат лакот, односно конструкцијата да не се затресе.

Кримскиот мост ќе биде долг 19 километри, што го прави најдолг мост во Европа. Автопатот кој ќе биде трасиран по него ќе има четири ленти, и дополнителни две ленти за воз, кои заедно ќе можат да примат капацитет од 40.000 возила и десетина возови дневно, кои ќе се движат помеѓу Керч и Таман.