Facebook од неодамна на своите корисници им нуди упростена верзија на програмата Messenger, која доста фанови веројатно ќе сакаат веднаш да ја испробаат, поради поефикасното испраќање на пораките.

Таа е направена така што не ги содржи за многумина – бескорисните опции, како што се Stories и онаа за гифовите, што ја прави комуникацијата поедноставна. Апликацијата Messenger Lite пред извесно време стана достапна во повеќе земји, па бројот на корисници брзо расте.

Достапна е за Android телефоните, но не за iOS системите.