Shigeru Ban, архитект кој е награден со Прицкеровата награда, го заврши музичкиот комплекс во близина на Париз. Овој комплекс се состои од сали во облик на јајце и ѕидови од соларни панели кои се движат за да го следат Сонцето. Канцеларијата на јапонскиот архитект во Париз ја освоила наградата на меѓународниот конкурс во 2013 токму со проектот за овој комплекс насловен „La Seine Musicale“. Во срцето на објектот е сместена повеќенаменската сала „Grand Seine“ која има  6.000 седишта, и наменета е за концерти, мјузикли и балети.

Pariz-muzicki-kompleks-fotovoltaici

Во рамките на комплексот се наоѓа и помала сала со капацитет од 1.150 седишта, и исклучиво е наменета за концерти на класична музика. Помалата сала е сместена во дрвена, мрежеста школка, а експериментирањето со дрвени рамки на зградите е типично за неговата работа. Такви примери се деловната зграда во Цирих и музејот на уметноста во Аспен со комплексна дрвена покривна конструкција.

Pariz-muzicki-kompleks-fotovoltaici2

Решеткастата конструкција од ламелирана дрвена граѓа во облик на јајце е застаклена и прекриена со слој од фотоволтаични ќелии кои се подвижни и се во насока на сончевите зраци. Внатрешноста на салата е проектирана така што овозможува топла и пријатна атмосфера со седишта кои ја опкружуваат централната сцена. Акустичните панели направени од дрвени и хартиени цевки висат од покривот надолу.

SEINE MUSICALE, AUDITORIUM

На местото на кое денес се наоѓа „La Seine Musicale“, во текот на дваесеттиот век била лоцирана фабриката на Renault. Кога во 1992 година, Renault престанува да работи во овој објект, истиот останал напуштен се до 2005 година кога бил срушен.

FRANCE-CULTURE-ARCHITECTURE-ARTS-MUSIC

Архитектот Ban е рангиран на 50тото место на Dezeen Hot Листата. Во 2014 ја прима престижната награда Pritzker, во знак на признание за својата иновативна работа во која има проектирано модуларни засолништа за жртвите на земјотрес и осмислил дрвени и земјени куќи за подрачјата погодени со цунами.