Социјалната мрежа Facebook изнајми група научници кои веќе со години ги истражуваат романтичните односи на мрежата. Еве што открија.

Најновите достигнувања во областа на вештачката интелигенција му овозможија на Facebook да предвиди кога ќе почнете романтична врска. Благодарение на најновите откритија, вештачката интелигенција може романсата да ја предвиди и пред професионален психолог, пишува екипата од Brightside.

Ова е прилично тешка задача со оглед на тоа што многу dvojki не се склони кон јавни објави на романтичните односи. Секако, Facebook со текот на времето научил да ги „чита“ сигналите што кажуваат дека нешто се случува. Стручниот тим го проучува однесувањето на оние што јавно го објавиле нивниот романтичен статус и со помош на вештачката интелигенција слично однесување пронашол кај другите, подискретни парови.

Еве како Facebook реагира ако заклучи дека со некоја личност сте прилично блиски:

– Ќе гледате многу повеќе објави;
– Личноста ќе ви се појавува повисоко на вашиот чет-бар;
– Facebook ќе ве покани да договорите состанок или да организирате роденденска забава за оваа личност;
– Facebook ќе ве потсети што ве спојува и ќе ви понуди да споделите спомени на вашиот профил.

Facebook ги чита пораките на заљубенитe

Речиси сто дена пред промената на љубовниот статус, корисниците почесто ќе ги користат зборовите „љубов“, „слатко“ и „среќа“ или ќе ги објавуваат на ѕидот на саканата личност – во просек две објави на секои 12 дена. Исто така, наместо саркастични и/или депресивни објави, заљубените често објавуваат главно позитивни објави.

Facebook ја знае возраста на вашиот иден партнер

Колку е постар корисникот, толку се помали шансите за нивниот следен партнер да е на истата возраст. За 20-годишните, разликата помеѓу партнерите е само 1-2 години. За луѓето над 45 години, просекот е 4-5 години. Но се случуваат исклучоци: Скандинавците повеќе сакаат да излегуваат со врсници, додека белците во Египет избираат жени 8-10 години помлади од нив.

Facebook го знае месецот кога ќе сретнете нови познајници

Секоја година во август корисниците додаваат нови пријатели, кои најчесто живеат во други земји. Овој тренд лесно се објаснува. Во август корисниците најчесто одат на одмор.

Facebook знае кога ќе го сретнете вистинскиот партнер

Да претпоставиме дека имате 23 години и дека сте одлучиле да го промените статусот во „во врска“. Анализите покажале дека кога две личности остануваат на истиот статус повеќе од 3 месеци, поголема е веројатноста да останат заедно 4 години или повеќе.

Facebook знае кога партнерите ќе се расправаат



Повеќето парови на Facebook раскинуваат помеѓу мај и јули и во февруари. Постои теорија што е поврзана со Денот на вљубените, Нова година и претстојните летни одмори кои луѓето сакаат да ги поминуваат без расправии.

Facebook препознава расправија пред раскинување
Една недела пред да заврши врската, корисникот почнува да комуницира поактивно со пријателите и семејството: пишува пораки и остава коментари под објавите. На денот на раскинувањето, бројот на интеракции со другите корисници се зголемува до 225 отсто; ова е поддршката од пријателите и од роднините.
Извор: Tportal.hr