Компанијата Facebook ја претстави бета верзијата на апликацијата Workplace Chat, која е наменета за деловните корисници. Станува збор за ривал на апликацијата Slack, која е веќе дел од пакетот на Facebook наречен Workplace Desktop.
Интерфејсот Workplace Chat е многу сличен на Facebook Messenger, со кој дели разни опции, вклучувајќи и емотикони, прекари на четот, како и опција за пребарување во разговорот.

Workplace исто како и Facebook има профили, групи како и News Feed на самата компанијa. Workplace Chat овозможува делење на екранот, така што корисниците можат да го поделат својот екран со колегите, како и да овозможат поглед кон одредена апликација.

Така, на пример, можете да споделувате податоци во Excel со колегите, а притоа да не се гледа остатокот од корисничкиот десктоп.

Новата апликација го претставува првиот чекор на Facebook во свет на десктоп софтверот, по долг период.

Windows Chat може да се преземе овде.

Извор: Klix.ba